Подготовка на пуканки со микробранова печка
Доколку храната е херметички затворена, пакувањето може да пукне.
Користете огноотпорен, плоснат стаклен сад, на пр. капак од калапот за потпечени јадења.
Поставете ја кесата со пуканки на садот според упатството на пакувањето.
Поставете го уредот според препорачаната поставка.
Во зависност од производот и количината, може да биде потребно прилагодување на времето.
За да не загорат пуканките, извадете ја кесата со пуканки по 1½ минути и протресете ја.
Вратете ја кесата со пуканки назад во рерната и оставете да нарасне.
Ако се слушаат звуци на пукање само на 2-3 секунди, исклучете го уредот и извадете ја кесата со пуканки од рерната.
По подготовката избришете ја комората за готвење.