Дополнително чистење на комората за готвење
Влага во комората за готвење подолго време доведува до корозија.
Отворете ја вратата од уредот и извадете ја преостанатата вода со апсорбирачка крпа.
Мазните површини во комората за готвење исчистете ги со крпа за миење или мека четка. Тврдокорните остатоци отстранете ги со челична жица за чистење.
Отстранете го бигорот од рабовите со крпа натопена со оцет. Потоа избришете со чиста вода и мека крпа исто така и под дихтунгот на вратата.
Доколку тврдокорните нечистотии не се отстрануваат, повторете ја помошта при чистење откако ќе се излади комората за готвење.
За да се исуши комората за готвење, отворете ја вратата на уредот во блокирана позиција (околу 30°) околу 1 час.