Микробранова печка
ВНИМАТЕЛНО ПРОЧИТАЈТЕ ГИ ВАЖНИТЕ БЕЗБЕДНОСНИ НАПОМЕНИ И ПОЧИТУВАЈТЕ ГИ ЗА ПОНАТАМОШНА УПОТРЕБА
Непрописното користење на уредот е опасно и може да предизвика оштетувања. На пример, затоплени папучи, перничиња полнети со жито или пченица, може и по неколку часа да се запалат.
Намирниците и нивното пакување и садовите можат да се запалат.
Маслото за јадење може да се запали.
Течностите или други намирници во добро затворени садови може лесно да експлодираат.
Храната со цврста лушпа или кожа може да пукне експлозивно за време на загревањето, но исто така и по загревањето.
Топлината во бебешката храна не се распределува рамномерно.
Загреаната храна дава топлина. Садот може да биде жежок.
Доколку храната е херметички затворена, пакувањето може да пукне.
За време на работата пристапните делови стануваат жешки.
Функцијата за сушење кај највисоки степени во режим на микробранова печка автоматски вклучува едно грејно тело и ја загрева комората за готвење.
Непрописното користење на уредот е опасно. На пример, прегреани папучи, перничиња полнети со жито или пченица, сунѓери, влажни крпи за чистење и слично може да доведат до изгореници.
При загревање на течности може да дојде до превривање. Ова значи дека температурата на вриење е постигната без да се зголемат типичните меури од пареата. Потребна е претпазливост дури и при мало протресување на садот. Жешките течности може одеднаш да зовријат и да прскаат.
Несоодветни садови може да се распукаат. Садовите од порцелан и керамика може да имаат дупки на рачките и капакот. Зад овие дупки има празнина. Заглавената течност во празнината може да доведе до распукување на садот.
Садовите од метал или со метален прстен може при користење на микробранова печка да предизвикаат искри. Уредот се оштетува.
Уредот работи со висок напон.
Недобро чистење може да ги уништи површините на уредот, да го намалат животниот век и да доведат до опасни ситуации, како на пример излегување на енергијата на микробранови.
Никогаш не користете го уредот доколку вратата од комората за готвење или дихтунгот се оштетени. Може да излезе микробранова енергија.
Кај уреди без поклопец на куќиштето, излегува микробранова енергија.