Наменета употреба

За безбедно и точно користење на уредот, почитувајте ги напомените за наменета употреба.

Овој уред е наменет само за монтажа. Внимавајте на специјалното упатство за монтажа.

Уредот без приклучок смее да биде приклучен само од лиценциран стручен персонал. При оштетувања поради погрешно приклучување се губи правото на гаранција.

  • според ова упатство за користење и монтажа.
  • за подготовка на јадења и пијалаци.
  • во домаќинството и при слични примени како на пример: во кујни за вработените во продавници, канцеларии и други комерцијални области; на земјоделски имот; од клиенти во хотели и други станбени установи; во апартмани со појадок.
  • до висина од максимум 4000 m надморска височина.

    Овој уред одговара на нормата EN 55011 одн. CISPR 11. Ова е производ од групата 2, класа B. Групата 2 значи дека микробрановата печка е произведена за затоплување на намирници. Класата B значи дека уредот е наменет за приватна употреба во домаќинства.