Општо
Кога го користите уредот, следете ги овие упатства.
Предмети на дното на комората за готвење при температури над 50 °C предизвикуваат акумулација на топлината. Времето за печење и пржење не се совпаѓаат и емајлот ќе се оштети.
Доколку се најде вода во врелата комора за готвење може да создаде водена пареа. Со промената на температурата може да настанат штети.
Влага во комората за готвење подолго време доведува до корозија.
Ладењето со отворена врата на уредот со текот на времето ги оштетува соседните кујнски елементи.
Овошниот сок кој капе од плехот за печење остава дамки кои потоа не може да се отстранат.
Средството за чистење рерна во топла комора за готвење го оштетува емајлот.
Доколку дихтунгот е многу извалкан, вратата на уредот не се затвора правилно при работењето. Граничните кујнски елементи може да се оштетат.
Доколку вратата од уредот ја користите како место за седење или површина за складирање, таа може да се оштети.
Во зависност од типот на уредот, додатоците може да го изгребат стаклото од вратата кога ја затворате вратата од уредот.