Упатства за одмрзнување
Внимавајте на овие информации ако одмрзнувате јадења.
- Со режимот на работа Микробранова печка можете да одмрзнете овошје, зеленчук, живина, месо, риба или печива.
- За да ја одмрзнете замрзнатата намирница извадете ја амбалажата.
- Користете огноотпорен сад, погоден за микробранова печка.
- Препорачаните поставки важат за јадења со температура од замрзнувач (-18 °C).
- Ако имате други количини оф оние што се наведени во препорачаните поставки, важи основното правило: за двојна количина потребно е отприлика двојно време.
- Рамно замрзнатите или порционирани парчиња побрзо се одмрзнуваат отколку намирниците замрзнати во коцки.
- Одмрзнувањето подобро се врши во неколку чекори. Чекорите се наведени во препорачаните поставки едно под друго.
- Повремено промешувајте ги или превртувајте ги јадењата 1-2 пати.
- Големите парчиња превртете ги повеќепати. Повремено разделете ја храната.
- Извадете ги веќе одмрзнатите парчиња од комората за готвење.
- Оставете ги одмрзнатите јадења уште 10 до 30 минути во исклучен уред, за да се изедначи температурата.