Температура и времетраење

Температурата и времетраењето зависат од количината и рецептот. Поради тоа се наведени граници на поставување.
  • Најпрво обидете се со пониски вредности. Пониска температура дава порамномерно потемнување.
  • Доколку е потребно, следниот пат подесете повисока вредност.
  • Кога подготвувате храна поголема или потешка од препорачаната во препорачаните поставки, користете ја пониската температура.
  • Генерално важи правилото: колку е поголемо јадењето, толку е пониска температурата и толку е подолго времетраењето.
  • Доколку готвите повеќе парчиња, ориентирајте се според тежината на најтешкото парче за одредување на времетраењето на готвењето. Користете парчиња со отприлика иста големина.
  • Внимавајте, времето за готвење не може да се скрати со користење на повисока температура. Јадењата ќе бидат однадвор зготвени, но однатре недопечени.